Словенија е на девето место во знаење на англиски јазик

Словенија по знаењето на англискиот јазик го зазема деветото место меѓу 88 држави и региони на светот – стои во меѓународното истражување на организацијата EF Education First. Според истражувањето, нивото на знаење меѓу Словенците е многу високо. На прво место е Шведска, следат Холандија и Сингапур.

Покрај Словенија, на многу високо ниво се уште знаењата на жителите на единаесет држави и региони на светот. Ова ниво во вкупната европска референтна рамка за јазици одговара на ниво Б2.

Во истражувањето се истакнува и дека, Европа останува водечка во знаењето на англискиот јазик. Осум места од десет ги заземаат европски држави, пишува на веб страната на организацијата која се занимава на глобално ниво со настава на јазици и други области.

Споредено со минатата година Африка најмногу напредувала во знаењето на англискиот јазик. Латинска Америка е единствен регион, кадешто нивото на знаење опаѓа.

Нашето истражување покажува дека државите и поединците вложуваат во изучувањето на англискиот јазик, при што се препознава значењето на јазикот како потпора за конкурентност“ – вели претставниокот на организацијата Мин Н.Тран.

Во истражувањето учествувале 1,3 милиони луѓе на кои англискиот јазик не им е мајчин јазик. Употребен е посебен стандандизиран тест.

Извор:  primorske.si