Словенија е осма најбезбедна земја на светот

Глобалниот индекс за мир за 2019г., го објави извештајот за рангирањето на  најбезбедните земји во светот. Генерално истражувањето открива дека додека светот сѐ уште е помалку мирен отколку пред една декада, сепак е малку помирен отколку минатата година во исто време.

Photo: Словенија е повторно рангирана во првите 10 најбезбедни земји/pixabay/www-erzetich-com

Истражувањето на Институтот за економија и мир рангира 163 нации според:  моментални домашни и интернационални конфликти, нивото на хармонија или раздор во земјата, како и индикатори поврзани со милитаризација.

Ова е листата на топ 10 најбезбедни места во светот:

10. Чешка

9. Јапонија

8. Словенија

Словенија е повторно рангирана во првите 10 најбезбедни земји благодарение на екстремно нискиот криминал и низок ризик за тероризам. Без разлика дали ќе сакате да посетувате убави места или да ги истражувате некои од најдобрите дворци и езера во Европа, Словенија има нешто за вас.

7. Сингапур

6. Канада

5. Данска

4. Австрија

3. Португалија

2. Нов Зеланд

1. Исланд

Повеќе прочитајте овде: cntraveler.com