Словенија ги награди најсвисоките достигнувања во науkата и техниката

Во вторник, 27 ноември 2018 година, во Цанкаревиот дом беа доделени Зојсовите и Пуховите награди. Републичкиот одбор оваа година му го подели признанието за амбасадор на науката на пензионираниот професор по физика Богдан Поух, меѓународно приезнаен експерт за физика на основните честички.  

Леон Краљ го доби признанието за достигнувањата во областа на климатизација на бродови, Мојца Бенчина за откритијата во имунологијата и во биологијата, Саша Комелј Краљ за достигнувањата во областа на физиката на основните честички, Андреја Кунтар за достигнувањата во преработката на дрвените продукти и трајноста на градбите од дрво.  

Добитничката Нина Цимерман ги споредуваше карактеристиките на микроорганизмите во солените води и на Арктикот, Јанез Кошмрљ помогна во развојот на лековите за невродегенеративни болести, Тадеј Ројац пак го доби признанието за откритијата во областа  на електронската керамика. Инженерот Марјан Пипенбахер го заслужи признанието за градба на големи мостови, како што е „Црниот Кал“, докторот Марко Ноч доби признание во областа на интерната медицина.

Матијаж Перц ја доби наградата за откритие во областа на статистичната физика, Роберт Доминико за развој на нови батерии. Наградата за довижотно дело ја добија професорот по металургија Франц Видопивец и историчарката Милица Кацин Вохинц.  

Извор: dnevnik.si