Словенија и натаму ги заострува мерките за спречување на ширењето на новиот корона вирус

Во Словенија иако не се чуствувва некоја преголема паника поради корона вирусот, сепак владата оваа пандемија ја зема сериозно и максимално се грижи за безбедноста на своите граѓани. Поради тоа дополнително ги заостри мерките за спречување на ширењето на вирусот.

Photo: pixabay/_freakwave_

Од 16 март се ставени во мирување јавниот автобуски и железнички промет. Од 19 март важат дополнителни ограничувања за премин на словенечко-италијанската граница, при што е намален бројот на слободни гранични премини. Моментално функционираат само четири контролни точки и тоа на граничните премини Вртојба, Френетичи, Шкофије и Крвави поток.

Владата се грижи и за најранливите групи на граѓани како што се инвалидите, пензионерите и трудниците. Имено, во сите продавници со храна, во еден период од денот (од 8 до 10 часот), овие групи на граѓани имаат предност при купувањето. Грижа за постарите и останатите ризични групи на граѓани води и мрежа на влонтери кои во соработка со различни институции и претпријатија им доставува топла храна и други основни намирници.

Словенија успешно се бори против епидемијата, а воедно се труди и животот на граѓаните да тече што помалку стресно. Со оглед на сериозниот пристап кон ситуацијата, можеме да размислуваме позитивно и да се надеваме дека животот што поскоро ќе се врати во стариот колосек.