Словенија идната година ќе ги испрати првите два сателити во вселената

Словенечката влада објави дека ги одобрила почетните средства за лансирање на орвите два сателити проектирани во Словенија, кои би требало да бидат испратени во вселената во првата половина од идната година со ракетата Vega на компанијата Arianespace.

Станува збор за микросателитите Nemo HD, кои ги направија словенечки инженери, при што 85% од средствата ги обезбеди ЕУ, а 15% државата. Сателитите тежат 65 килограми, а ќе ја снимаат Земјата од висина од 600 километри како дополнение на европскиот систем Copernicus со сопствен извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделството, шумарството и транспортот.

Владата за финансирањето и лансирањето на сателитите обезбеди 830.000 евра, а од подготовката до стартувањето на проектот вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиони евра во рамките на програмата на Европската вселенска агенција (ESA).

Словенија пред две години стана придружна членка на ESA, а се натпреварува за постојано членство. Освен микросателитите Nemo HD, Словенија со ракетата Vega во вселената ќе лансира и наносателит Trisat, тежок 4,4 килограми. Тој ќе ја снима Земјата врз база на мултиспектрално фаќање слика и краткробрановиот инфрацрвен спектар, а би требало да се користи најмалку две години.

Извор: inovativnost.mk