Словенија на туристите ќе им понуди нова планинарска рута

Во Словенија наскоро ќе биде отворена нова 300-километарска планинарска рута, која на туристите ќе им нуди многу природни пејзажи. The Travel соопшти дека новата рута која ќе води Јулиските Алпи, официјално ќе биде отворена во април 2019 година.  

Првиот дел од оваа рута беше отворен за туристите во октомври 2018 година. Иницијаторите на оваа патека беа инспирирани од популарноста на Алпско-јадранската патека, која води низ Австрија, Словенија и Италија. Новата патека минува само низ територијата на Словенија – најмногу низ оддалечени и рурални предели.

Планинарската рута е резултатот, кој произлезе од работата на десет општини со цел да се зголеми бројот на туристите и да се подобри соработката помеѓу локалните туристички организации во однос на транспортот, храната и сместувањето.

Автобуските и железничките линии кои ги поврзуваат градовите и помалите места ќе ја направат патеката подостапна за туристите. По отворањето на планинарската рута, во план е да се изгради и велосипедска патека.

Со отворањето на Јулискоалпската планинарска рута, планирано е да има и повеќејазичен дигитален водич.

Извор: ukrinform.ru