Словенија на второ место на листата на најдобри дестинации за зимување

Според британскиот весник Тајмс, Словенија е на високото второ место од 30 најдобри дестинации за зимување. Авторот на статијата Ричард Мелор препорачува ски-излет на скијалиштето Покљука, кое се наоѓа на територијата на националниот парк Триглав.

Како посебно прекрасно туристичко искуство, го истакнува и езерото Блед. Статијата на британскиот новинар е збогатена со живописна фотографија од истоимениот замок во снежна атмосфера.

На прво место на оваа листа, авторот ја става Финска, каде што препорачува возење со планински велосипед.

Важно е да се истакне дека Тајмс во различни формати го читаат повеќе од еден и пол милиони луѓе ширум светот.

Извори: delo.si, thetimes.co.uk