Словенија нуди стипендии за магистерски и докторски студии за студиската 2019 година

Државниот фонд за стипендии на Република Словенија објави конкурс за доделување на стипендии „Ad futura”, за магистерски и докторски студии наменети за државјаните од Западен Балкан, во областа на природните науки, техниката и медицината на високообразовните установи во Словенија. Помеѓу државите од Западен Балкан во рамки на овој јавен конкурс се сметаат Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија.