„Словенија се препознава по вкусот: да ја пробаме традицијата“: студентите од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор организираа впечатлив гасртономски настан

Во четвртокот, на 16-ти мај 2019 година, студентите од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор организираа кулинарен настан под името: „Словенија се препознава по вкусот: да ја пробаме традицијата“. Во дворот на факултетот за туризам посетителите на настанот имаа можност да пробаат јадења од богатата словенечка кујна од сите региони на земјата.

Студентите од втора година од програмата за више професионално образование „Туризм“ во рамките на предметот „Менеџмент на настани“ под раководство на професорот Кати Чанжар и асистентот Томи Шпиндлер преку практика се запознаа, како се одвива организацијата на еден ваков настан – од идеја до реализација и се преставија во најдобро светло. Тие се поврзаа со доставувачите од регионите и претставија јадења од цела Словенија во Брежице. Па така на штандовите можеше да се проба традиционална храна од Централна Словенија, Горењска, Приморска, Штирии, Каринтии, Помурја и југо-источна Словенија.

Воодушевувањето на многубројните посетители на настанот го сподели и деканот на факултетот професор доктор Боштјан Брумен, кој што потенцираше, дека завршената работа од страна на студентите ги надмина сите очекувања. Тие го претставија богатството и разноликоста на словенечката кујна и во исто време  се сеткнаа со многу важно искуство, кое што без сомнение ќе го употребат како идни оператори во словенечкиот туризам.

Да напоменеме дека кулинарниот настан исто така имаше и  хуманитарен карактер: за време на настанот се организираше собирање на доброволен прилог за Здружението за взаемна помош Harmonija Globoko, чија што дејност е насочена кон укажување помош на повозрасните луѓе.

Извор: ft.um.si