Словенија се вбројува помеѓу десетте најдобри земји во светот за живот на децата

На светскиот ден за заштита на децата, Меѓународната организација „Спасете ги децата“ направи глобален извештај за децата во кои влегоа 176 земји. Аналитичарите споредија такви показатели како што се смртноста кај децата и болестите, неухранетоста, немањето можност да се учи во училиште, потребата децата да работат подеднакво колку возрасните, раното стапување во брак и мајчинството.

За најдобра земја за сестран и целосен развој на детето е избран Сингапур, каде што се забележани најповолни показатели во медицинската и образовната сфера, а исто така и на планот на заштитата и развојот на човечкиот потенцијал. На второ место се најде Шведска. Помеѓу првите десет земји се најдоа и Финска, Германија, Јужна Кореа, Белгија, Норвешка, Словенија, Ирска и Италија. Во наведените земји исто така голема улога играат добриот здравствен систем, образованието и безбедноста.  

Извор: stroyobzor.ua, dailytimes.com.pk