Специјалистите од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана разработија едукативна програма по макроекономија

Специјалистите од Центарот за бизнис вештини од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана разработија кратка едукативна програма „Макроекономија“, која што предвидува 4 дневен курс. Целна група на новата програма се претприемачите, политичарите, научниците, а исто така и сите, што ги интересира макроекономијата, независно од возраста и квалификациите. Предавачи се професор доктор Макс Тајникар и професор доктор Петра Дошенович Бонча. Предавањата со презентации за макроекономските податоци за Република Словенија ќе се одржат во четвртоците: 26-ти септември, 3-ти, 10-ти и 17-ти октомври 2019 година.

Како што велат разработувачите на програмата, познавањето на макроекономската теорија е неопходна основа за да се разбере логиката на функционирањето на економијата во целост, взаемните односи на одделни економски категории и макроекономските појави, како на пример растот на економијата, инфлацијата, немањето на работни места, платежниот баланс, задолженоста, а исто така и кредитната и фискалната политика. Програмата „Макроекономија“ во целост ги разработува содржините на гореспоменатите термини.

Во предавањата на оваа програма ќе бидат вклучени познати експерти како на пример: професор доктор Јоже Дамјан, професор доктор Богомир Ковач, професор доктор Мојмир Мрак. Тие ќе земат учество на вечерните дискусии за актуелните настани во економијата на Република Словенија и светската економија.

Подетално за програмата и пријава

Извори: efnet.si, cpoef.si