Според бројот на вработени лица градежништвото е економска гранка која што најбрзо се развива во Република Словенија

За време на работењето во последната година во сферата на градежништвото најдовме околу 65 илјади луѓе. Во втората половина на  2019 година работодавачите од областа на градежништвото планираат да вработат 31 100 лица.

Покрај градежништвото, најголемо количество на работни места има отворено во сферата на здравството, социјалната заштита, хоспиталити услугите, преработувачката индустрија, а исто така и во сферата на транспортот и логистиката.

Од анкетите на работодавачите исто така може да се забележи дека најоптимистички прогнози за вработување се забележуваат во областа на операциите со недвижности, каде што секоја втора компанија ја очекува раст на на обемот на работа. Слични очекувања имаат една третина од компаниите кои што работат во сферата на различни видови на комерцијални дејности, здравство, социјална заштита, информатичко-комуникациски технологии, градежништво и хоспиталити индустријата.

66% од крупните компании во земјата согласно најновите податоци од работодавачите, се судираат со недостаток на кадри. Во следното полугодие се предвидува отворање на 400 нови работни места во областа на операциите со недвижности, а во сферата на трговијата, каде што има 115 илјади вработени лица, околу 2000 нови работни места.

Во преработувачката индустрија каде за последните години беа отворени 17 илјади нови работни места и каде е вработено секое четврто лице во земјата во следното полугодие ќе се отворат 4 илјади нови работни места.

Воглавном листата на најбарани професии во овој период е следна: на врвот на списокот се: шофери и возачи на камиони (1760 работни места), нискоквалифицирани работници (1330 работни места), каменоломци, заварувачи, продавачи. При тоа побарувачката за продавачи во споредба со минатогодишните очекувања ќе се намали, а бројот на работни места ќе се намали за една третина. Но во исто време се прогнозира две третини повеќе отворени работни места за електричари.

Извор: svetkapitala.delo.si