Средба на почесните професори на Универзитетот во Марибор

Во средата, на 12 декември 2018 година, во Ректоратот на Универзитетот во Марибор средба имаа почесните професори, на која учествуваа 20 почесни професори. Иницијативата за средбата доаѓа од нив, зашто сакаат да основаат катедра на почесни професори, преку која ќе можат да се вклучуваат и во педагошката и во истражувачката дејност, кога ќе бидат во можност и кога Универзитетот ќе има потреба за тоа.

Учесниците беа поздравени од проректорките вонр. проф. д-р Лучка Лорбер и проф. д-р Јања Хојник, како и од ректорот на Универзитетот во Марибор – проф. д-р Здравко Качич. Тие ја поздравија иницијативата на професорите и им ветија помош при основањето на катедрата.

Иницијативата ја претстави почесниот проф. д-р Јоже Гричар, врз основа на документи од ЕУ, од Здружението на европските универзитети, кои го поттикнуваат вклучувањето на професорите во работата на универзитетите и по нивното пензионирање. Сите присутни се изјаснија дека се согласни да се заснова катедра на почесни професори.

Средбата заврши со одлуката – во јануари 2019 година повторно да се сретнат и да продолжат со втемелувањето на катедрата или на некоја друга форма која е законски можна. На располагање ќе имаат и посебен простор во Ректоратот на Универзитетот во Марибор.

Интернет-врска: um.si