Среќавање на Микрософт Студентските Партнери

Во вторник, 27 ноември, во 16 часот во предавалницата Alfa, на Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при Универзитетот во Марибор, ќе се оддржи второто по ред MSP среќавање оваа година, каде ќе се зборува за актуелните теми и технологии, но и за тие кои се на пат да станат дел од секојдневните ИТ.

Микрософт Студентските Партнери ќе ги претстават во интересни предавања следните теми: интелигентни чат боти, машинско учење во облак, електронско водење на бизнис, Microsoft fluent design, Microsoft Teams, како и модерни пристапи за изработката на мобилни и десктоп апликации.

Покрај предавањата ќе има и час за дружење, дискусија и за парче пица.

Заради полесна организација на настанот, ве молиме да се пријавите овде.

Извор: feri.um.si