Сто години од основањето на универзитетот од Љубљана

Универзитетот во Љубљана е основан во 1919 година. Кралот Александар Караѓорѓевиќ на 23-ти јули 1919 година потпишал „Закон за Универзитет на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците“, денешниот универзитет во Љубљана.

Photo: Mr. Kaya on Visualhunt / CC BY-NC-ND

Негови членки тогаш биле Филозофскиот факултет, Медицинскиот факултет, Правниот факултет, техничкиот и Теолошкиот факултет.

A на 31-ви август 1919 година со кралска одлука се именувани првите осумнаесет професори на Универзитетот. Се смета дека на 03-ти декември 1919 година е роденденот на универзитетот од Љубљана ова е денот кога во провинциската комора на Кралскиот провинциски дворец, каде што денес се наоѓа седиштето на универзитетот, славистот доктор Франце Рамовш одржал предавање за историската граматика на словенечкиот јазик. За ректор на новооснованиот универзитет во Љубљана е избран Јосип Племељ, еден од најважните математичари од почетокот на XX век.

Во првата академска година 1919/1920 на универзитетот биле запишани 942 студенти, од кои 28 жени, а 914 мажи. Иако доминирале мажите, првото докторско звање е доделено на жаена, што исто така било реткост и на ниво на Европа. Ана Мајер се стекнала со звањето на 15-ти јули 1920 година со дисертацијата “За дејството на формалинот врз скробот”.

Законот за високото образование, којшто е усвоен во декември 1993, овозможил претворање на двата дотогашни универзитети во Љубљана и Марибор во класични европски универзитети.

Денес универзитетот во Љубљана е помеѓу 3% најдобри универзитети на светот. На една од најголемите ранг листи – ARWU листа (Academic Ranking of World Universities) веќе о години се наоѓа помеѓу најдобрите 500, а 370 место го зазема на CWUR (The Center for World University Rankings), а на THE листата (Times Higher Education) ги дели позициите 601-800.

Универзитетот во Љубљана е сочинет од 23 факултети и 3 академии на уметност, коишто нудат студии од сите области – природни науки, општествени науки, хуманитарни науки, инженерство, медицина, уметност. Тоа е најголемата и најстара високообразовна установа во Република Словенија, којашто ја посетуваат повеќе од 40.000 студенти. Годишниот буџет на Универзитетот од Љубљана изнесува 334 милиони евра.

По повод годишнината на Љубљанскиот универзитет искрено му честитаме и му посакуваме успешна работа и во иднина!

Извор: uni-lj.si