Странските студенти на словенечките факултети непречено ја следат наставата преку модерните дигитални платформи

Поради потребата од брзо прилагодување на новите случувања, словенечките факултети ја префрлија наставата на дигиталните модерни платформи. Уште од првиот ден на карантинот, универзитетите во Словенија ги повикаа своите студенти да се однесуваат одговорно, да ги следат упатствата од своите професори и редовно да ги исполнуваат студиските задачи, со цел да нема застој во педагошкиот процес.