Стручна екскурзија во Оберзалцберг во Минхен

За студентите од Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура при Универзитетот во Марибор, во вторникот и средата (27 и 28 ноември 2018 година) беше реализирана дводневна стручна екскурзија во организација на Студентскиот совет на Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура и Катедрата за оперативно градежништво.

Првиот ден го разгледаа градилиштето Dokumentation во Оберзалцберг – зграда на архивот на поновата историја, каде што се гради нов документациски архив. Објектот е специфичен зашто е граден и над и под земја, и затоа е и интересен и од архитектонска и од инженерска гледна точка. Во Минхен го посетија градилиштето на направата за чистење Грослапен (Großlappen), која ќе почне со работа во март 2019 година, и покрај за чистење на отпадни води ќе служи и за добивање на енергија од биогасови од отпадна тиња.

Продолжија со разгледување на BMW Welt, изложбен простор на BMW-возила, место за дружење и запознавање со нови автомобили и мотоцикли од марката BMW. Таму е и 200-метарската Олимписка кула, изграден за потребите на Олимписките игри и претставува главна точка за разгледување. Од кулата ја видоа панорамата на градот, сè до Алианц Арената, која ја посетија следниот ден. Напорниот ден го завршија со дружење на прекрасниот предбожичен пазар на Мариенплац.

Следниот ден го посетија настанот BIM WORLD Минхен, на кој имаше повеќе од 120 изложувачи, кои претставуваат иновативни ИТ-апликации и нови технологии во градежништвото. На саемот свој штанд имаше и познатато мариборско проектантско биро Линеал. Исполнети со нови впечатоци, за крајот на стручната екскурзија се упатија и до Алианц Арената, стадион на минхенскиот клуб – Баерн Минхен.

Интернет-врска: fgpa.um.si