Стручна екскурзија за студентите од FERI UM во компанијата AVL GmbH во Грац

Компјутерскиот институт на FERI при Универзитетот во Марибор, за студентите во трета година на високошколската студиска програма за Компјутерски и информатички технологии, во четврток на 13-ти декември организира стручна екскурзија во компанијата AVL GmbH во Грац.

AVL е најголема независна компанија на светот за развој, симулација и тестирање на погонски сили (хибридни мотори, мотори со внатрешно согорување, пренос, електричен погон, батерии и програмска опрема) за лични возила, камиони и за големи мотори.

Повеќе за AVL компанијата: avl.com

Извор:  feri.um.si