Студенстка размена Еразмус +

Популарните студентски размени сѐ повеќе стануваат задолжителен дел од студиите. Студентите имаат различни можности, но најпозната програма е Еразмус+. Оваа програма на студентите им овозможува дел од своите студиски обврски да ги извршат до друга земја, врз основа на потпишаниот договор за размена меѓу матичниот факултет и во странство.

Graphics: © 2TM d.o.o.

Со програмата Еразмус+ студентите:

  1. ја зголемуваат самопочитта, самодовербата и самоиницијативата,
  2. ја подобруваат компетентноста во учењето и сите вештини, посебно на јазичните,
  3. ја зголемуваат мултикуртурната свест,
  4. поактивни се во општеството,
  5. ги зголемуваат можностите за вработување,
  6. подобро ги познаваат програмите и проектите на ЕУ и другите држави,
  7. ја зголемувааат мотивацијата за понатамошна едукација

За да може да се запише еден студент во програмата Еразмус+ во студиски цели, мора во моментот на размената да има студентски статус и мора да биде запишан најмалку во 2-ра година на додипломски студии. Студентот мора да се пријави уште во 1-ва година од студиите ако сака цела 2-ра година да ја помине на размена во странство. Студентот на размена може да помине најмалку 3 месеци, а најмногу 12 во текот на една година од студиите.

Студентот кој е запишан во програмата Еразмус+, може да добие финансиска помош за размената за да ги покрие трошоците. Во 2018 година минималната месечна помош изнесува 370 евра за државите со најниски животни трошоци и 520 евра за државите со највисоки трошоци. Висината на износот зависи од матичниот факултет и од државата во која е размената. Финансиската помош важи само за време на траењето на редовните студии според академскиот календар на партнерскиот факултет.