Студент од Колеџот за професионално образование од областа на хоспиталити индустријата и туризмот во Марибор се најде помеѓу тројцата најдобри млади готвачи во Европа

21 годишниот студент од Колеџот за професионално образование од областа на хоспиталити индустријта и туризмот во Марибор Јуре Дретник го освои второто место на конкурсот за звањето најдобар млад готвач во Европа (European Young Chef Award – EYCA), представувајќи го на жирито традиционалното каринтијско јадење Mal’ca koroških koscev. Во основата на рецептот за приготвување на ова јадење има топчести тестенини (нешто слично на тортелини), полнети со сушени крушки, кои што се служат како главно јадење или како десерт. Идејата за своето гастрономско ремек-дело словенечкиот готвач го исцрпил од расказот на каринтијскиот писател Ловро Кухара „Лев џеб“ („Levi devžej“).

Финалето на конкурсот EYCA, кој што е организиран од Меѓународниот институт за гастрономија, култура, уметност и туризам, се одржа на 26-ти и 27-ми октомври 2019 година на островот Родос (Јужен Егејски остров, Грција). На него учествуваа претставници од различни гастрономски региони на Европа: Каталонија (Шпанија), Минха (Португалија), Централниот регион на Данска со престолнина во Орхус, Северн Брабант (Холандија), Сибиу (Романија), Коимбри (Португалија), Менорки (Шпанија) и Република Словенија. „Златото“ на конкурсот го освои 24 годишната претставничка од Грција Ирини Гиоргоду (Eirini Giorgoudiou) со јадењето „12 елементи“. Третото место го освои данецот Ханс Келсон со јадењето „Вкусот на домот“.

Да додадеме дека целта на конкурсот на младите готвачи е внесување на иновации во традиционалната кујна, а исто така и одржливи методи на подготвување на храна и зачувување на гастрономската разноликост на некои региони.

Извор: rtvslo.si