Студентите и професорите од Факултетот DOBA организираа Трета добротворна аукција за помош на учениците од социјално загрозените семејства

Во вторникот, на 26-ти ноември 2019 година, во организација на студентите од втора година од програмата „Бизнис секретар“ (редовни студии) се одржа Третата добротворна аукција, каде што беа изложени сликите, нацртани од страна на учесниците од уметничките кружоци, коишто работат во рамките на здружението TOTI DCA. Во организацијата на аукцијата учествуваа професорите од Факултетот Андреја Маркаја Хлеб, Валерија Гашпарич и Марија Туре.

Како резултат од аукцијата беа собрани 1000,00 евра. Сретствата ќе бидат подарени на основното училиште Ангел Беседњак и ќе им овозможат посета на настава во природа на учениците од социјално загрозените семејства.

Донираше и 11-та мариборска кралица на виното Ана Протнер, а учениците од Основното училиште Ангела Беседњак подготвија кратка културна програма.

Извор: doba.si