Студентите и професорите од колеџот Academia Maribor го посетија настанот на кој што учествуваше Неговото Кралско Височество принцот Едвард, грофот од Весекс

Студентите и професорите од колеџот Academia Maribor земаа учество на настанот World Ready, организиран од Британско-словенечката стопанска комора и центарот MEPI („Меѓународно призната младина“).

Панел дискусијата ја потенцираше важноста за развојот на заедничките компетенции на учениците и студентите за време на образовниот процес со цел обезбедување на нивниот кариерен раст.

Настанот го посети Неговото Кралско Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, помладиот син на кралицата Елизабета II. Да забележиме дека пред почетокот на настанот, во Љубљанскиот град се одржа прием, кој што беше организиран од страна на Амбасадата на Велика Британија во чест на 93-от роденден на кралицата Елизабета II, во кои што исто така учествуваа студентите и професорите од колеџот Academia Maribor.

Извор: academia.si