Студентите и вработените од Академијата за уметност при универзитетот во Нова Горица беа наградени од Друштвото на словенечкиот анимиран филм

Во рамките на церемонијата за врачување на наградите од страна на Друштвото на словенечкиот анимиран филм, минатата недела, на 27-ми октомври 2019 година, во студентската секција двете главни награди ги добија студентките од Академијата за уметност при универзитетот во Нова Горица. Наградата за училишен анимиран филм, за филмот Soma ја доби Сандра Јовановска, а наградата за тековниот анимациски проект – Ања Ресман за проектот Maska.

Покрај тоа, беа наградени и вработените од Академијата за уметност. Со награда за најдобри уметнички карактеристики на анимираниот филм Liliana беше удостоена Миланка Фабјанчич, филмот на Коле Саксиде ја доби наградата за најдобра техничка анимација, а наградата за најдобра режија на филмот Celica ја доби Душан Кастелиц.

Подетално

Извор: ung.si