Студентите-магистри од програмата «Медијакомуникации» од универзитетот во Марибор ги посетија Минхен и Брисел

Студентите од магистерската програма «Медијакомуникации» од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор ја започнаа пролетта со патување во срцето на Европа. Во рамките на патувањето тие го посетија Техничкиот музеј во Минхен и уживаа во неделниот ритам на сончевиот пролетен ден во престолнината на Баварија. А следниот ден студентите се уверија дека Брисел не попусто е познат по својата променлива клима која што воопшто не ја намалува убавината на центарот на градот.

Интересен беше разговорот со пратеникот од Европскиот парламент од Европската народна партија доктор Милан Звер. Разговорот беше насочен кон актуелните теми од животот на Европската Унија, една од темите на која што подоцна студентите беа сведоци во салата за пленарни седници. 

Извор: feri.um.si