Студентите на факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор Ве поканиваат да земете учество во проектот “ZrakZemlja” 06.02.2019

Студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор Ве покануваат да земете учество во проектот “ZrakZemlja”: ZrakZemlja: Analiza podatkov o obdelovanih površinah s pomočjo daljinskega zaznavanja (“Воздух-Земја: Анализа на податоци на земјените површини со помош на достанционо сондирање”).

Организатори на проектот: компанијата PP AGRO, poljedelstvo in proizvodnja d.o.o. и факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор.

Проектот е насочен кон решавање на конкретни проблеми земјоделската компанија – партнер , која што не поседува инструменти за мониторинг, и наоѓање на причините за нерамномерен род и превземање соодветни мерки.

Проектот се рализира во рамките на отворениот конкурс “Креативниот пат кон знаењето 2017-2020” (второ отварање). Рокот за реализација е 5 месеци (до 200 часа). Плаќање по час 5,38 евра.

Се покануваат да учествуваат двајца студенти од бакалаврската учебната програма “Градежништво”, двајца студенти од магистерската учебна програма “Градежништво”, двајца студенти од бакалаврската учебна програма “Географија” и двајца студенти од магистерската учебна програма “Географија”.

Студентите кои што ќе учествуваат во проектот за време на неговата реализација мораат да бидат официјално запишани на наставната програма и не смеат да бидат вработени, самовработени, регистрирани во регистерот на службата за вработување или да бидат приватни претприемачи.

Пријавите се примаат до 12.02.2019 година на електронската адреса: matjaz.nekrep@um.si.