Студентите на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор се покануваат да земат учество во проектите

Во рамките на отварањето на конкурсот “Проектна работа со неекономски и некомерцијален сектор – Студентски иновативни општествено полезни проекти во 2018/2019 и 2019/2020 учебна година” студентите од факултетот за туризам при унивезитетот во Марибор се покануваат да земат учество во проектите “Скапата сорта Блуфранкиш” (Modra frankinja): Блуфранкиш како основа на винскиот туризам во Севница”; “По трагите на Антон Мартин Сломешка во општина Брежице”; “Приказна за индустријата во Метлика. Оформување на иновациони туристички производи: индустриски туризам, ревитализација и одржливост”.

Проектите се кофинансирани од министерството за образование, наука и спорт, републичкиот фонд за стипендии, развој, помош на лица со посебни потреби и социјална политика, а исто така и Европскиот социјален фонд.

Проектите се насочени кон зацврстување на соработката помеѓу системите за високо образование и неекономскиот и некомерцијален сектор на локално и регионално ниво; имплементација на отворена и флексибилена транзиција помеѓу образованието и пазарот на трудот, кои што ќе обезбедат конкретно практично искуство на младите луѓе за време на нивните студии; продлабочување на знаењето; неопходни за непосредно учество за реализација на идеите и стекнување на искуство за подобрување на можностите за вработување.

Учеството на студентите во проектот се плаќа по 9 евра бруто на час (максимум – 40 часа во месец – 360 евра). Рокот за реализација на проектите “Скапата сорта Блуфранкиш” и “По трагите на Антон Мартин Сломешка во општина Брежице” – 5 месеци (април – август 2019 година). Рокот за реализација на проектот “Приказна за индустријата во Метлика” – 4 месеца (1 март – 1 јули 2019 година).

Студентите кои ќе земат учество во проектот за време на неговата реализација се должни официјално да се обучуваат на наставната програма, не треба да бидат вработени или самовработени, не треба да се регистрирани во службата за вработување или да се приватни претприемачи.

Пријавите за учество се примаат до 12:00 28 февруари 2019 година на електронска пошта jasna.potocnik1@um.si (проектите “Скапата сорта Блуфранкиш” и “По трагите на Антон Мартин Сломешка во општина Брежице”) и barbara.pavlakovic@um.si (проектот “Приказна за индустријата во Метлика“). Подесувањето на пријавата не гарантира учество во проектот. Педагозите – наставници ќе одржат избор на пријавените, во текот на кој ќе се разгледуваат мотивационите писма.

Извори: ft.um.si, ft.um.si