Студентите на Вишата школа во Велење ќе учествуваат на фестивалот Повеќе знаења за повеќе туризам

Туристичкиот сојуз на Словенија оваа година го организира по 16 пат фестивалот Повеќе знаења за повеќе туризам. Овогодинешната тема на фестивалот е Туристичниот споменик на нашиот крај.

Студентите на Вишата стручна школа од програмата Угостителство и туризам, Моника Меланшек, Дамјана Сладич, Јуре Михелак, Јан Напотник и Гал Забуковник се одлучија да учествуваат на фестивалот со промоциски спот – Ранецот на Нежа од Планината Ољка, со кој се пријавија на натпревар во рамки на настанот.

Тие ќе се претстават во Љубљана на саемот Natour Alpe-Adria во среда на 30 јануари 2019. Настанот го организира Туристичкиот сојуз на Словенија на Господарско раставишче. Помеѓу 10ч. и 19ч. ќе бидат претставени проектите на дел од студентите од средните училишта.

На саемот ќе учествуваат 53 средни училишта од цела Словенија и од странство.

Извори: vss.scv.si, turisticna-zveza.si