Студентите од Alma Mater Europaea – кои што во иднина треба да бидат физиотерапевти ќе добијат стипендии од австриските клиники и понатамошно вработување

Во 2019/2020 студиска година 20 студенти од Alma Mater Europaea од специјалноста „Физиотерапија“ ќе ги добијат првите стипендии од малите австриски болници и рехабилитациски клиники – приватни и финансирани од државата, распространети на територијата од Бад Радкерсбург до Дојчландсберг. Според зборовите на раководителот на меѓународниот отдел од Alma Mater Europaea, Горан Гумзе, со австриските партнери е постигната спогодба за кофинансирање на студентите стипендисти. Претставникот на образовната институција прецизираше дека две третини од чинењето на студирањето покрива австриската страна, а една третина – самиот студент.

Имајќи го в предвид брзиот развој на мрежите на медицински и туристички установи, посебно во сферата на резортниот туризам  потребата на физиотерапевти во Австрија е толку голема што не само што се ангажираат словенечки специјалисти туку и се овозможуваат стипендии за словенечките студенти. Посебно станува збор за дипломците од Alma Mater Europaea. Австрискиот работодавец кој што овозможил стипендија е обврзан да го вработи студентот. Годишната стипендија за студентот предвидува 1 година задолжителна работа кај работодавачот кој што стипендирал. На тој начин студентите, идни физиотерапевти од Alma Mater Europaea, кога ќе дипломираат, не мораат да се оптоваруваат со барање работа.  

Да напоменеме дека студирањето по програмата „Физиотерапија“ Alma Mater Europaea трае 3 години. Чинењето на студиите – 3900 евра годишно.

Извор: vecer.com