Студентите од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана учествуваа на семинар за правата на потрошувачите

На покана од Канцеларијата на Европскиот парламент во Словенија, студентите од Универзитетот во Љубљана, заедно со млади од други држави на Европската Унија, учествуваа на настанот European Youth Seminar. Овој настан се одвиваше во Европскиот парламент во Брисел. Универзитетот во Љубљана го застапуваа студенти од Економскиот факултет, Биотехничкиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за општествени науки и од Природно-техничкиот факултет.

Централната тема на овогодинешниот семинар беше поврзана со правата на потрошувачите. Студентите беа поделени во три групи со различна тематика, каде што се обидуваа да најдат одговор на едно од трите поставени прашања во рамките на избраната група. Прашањата на првата група се однесуваа на проблематиката на генетски модифицираните организми (генетски модифицирана храна, употреба на пестициди, производство на месо), прашањата на втората група – развој на технологијата (проблемите на дигитализацијата, дигитализација на светот, безбедност на личните податоци во дигиталниот свет), а прашањата на третата група – информирање на купувачите (информации за производството, купување поевтини производи, глобализација на фирмите).

Во првиот круг, студентите требаше да понудат што повеќе можни решенија. Во вториот круг, требаше да издвојат три најдобри можни решенија и да им ги претстават на останатите студенти во рамките на истата група, кои бараа одговори на преостанатите прашања. Потоа, со гласање во сите групи ги бираа најдобрите одговори на сите три поставени прашања за дадените теми, и на крајот од средбата им ги претставија на пратеникот на Европскиот парламент д-р Игор Шолтес и пред членовите на останатите групи.

Извор: uni-lj.si