Студентите од Факултетот DOBA можат да се обучуваат во универзитетскиот колеџ Леувен – Лимбург (Белгија)

Факултетот DOBA успешно соработува со белгиските колеги во сферата на мобилноста и работата со проектите. Па така, во април 2019 година представничката на Факултетот DOBA Нина Турчин ја посети партнерската образовна институција – универзитетскиот колеџ Леувен-Лимбург (University College Leuven Limburg). Посетата придонесе за развој на нови идеи и разработка на нови проекти за соработка, обезбедување уникатни можности за студентите од Факултетот DOBA да се стекнат со знаење и вештини.

Белгискиот универзитет е сместен во девет кампуси и секојдневно обучува околу 14 илјади студенти. Соработката со овој универзитет е разултат на членството на Факултетот DOBA во мрежата Businet и предвидува мобилност на студентите, професорите и вработените, а исто така и многу заеднички проекти.

Партнерските образовни институции земаат учество во организацијата и одржувањето на 24 –от виртуелен иновациски проект Hackathon Virtual, а исто така и во работатат на виртуелниот тим во рамките на предметот „Интернет-маркетинг“.

Студентите од Факултетот DOBA можат да се обучуваат на универзитетскиот колеџ Леувен-Лимбург во рамките на програмата за мобилност на Erasmus+.

Заедно со професорката Грие Барезел од универзитетскиот колеџ Леувен – Лимбург Факултетот DOBA работи над проектот EnDigiCom (Enhanced Digital Competencies for Business Usage – „Проширување на дигиталните компетенции за употреба во бизнисот“), кои што се дел од системот на Erasmus+ «Стратешко партнерство».

Извор: fakulteta.doba.si