Студентите од факултетот по економија при универзитетот во Љубљана се победници на SACkathon

Студентите од магистерската програма «Бизнис-информатика» од факултетот по економија при универзитетот од Љубљана, Енис Зорнич и Клемен Пожин се  победници на SACkathon. Настанот се одржа минатата недела во Барселона.

SACkathon е конкурс по напредно користење на анализа на податоци во спортот со учество на најдобрите студенти од универзитетите од разни земји од Европа. Организатори на настанот беа кошаркарската Евролига и водечкиот светски разработувач на бизнис апликации и програмски решенија SAP. На конкурсот на Евролигата и SAP учествуваа скоро 400 студенти од студиските и магистерските програми «Информатика», «Компјутерски науки», «Маркетинг и дигитални стратегии», «Спортски менаџмент» и «Спортски технологии» од 13 земји од светот.

Студентите кои што победија се претставија на оценување кај жирито со идеја за тоа како со помош на напредни аналитички технологии да има се претстават на навивачите уште по уникатни впечатоци за време на гледањето на кошарката. Целта на учесниците на конкурсот беше јасна и оперативна анализа на податоците и создавање на графичка визуелизација, која што ќе им помогне на тимовите брзо да ги определи своите јаки и слаби страни, а исто така и да ги покаже истите на противникот. Врз основа на таа информација тимовите можат да подготвуваат победничка тактика за следниот меч.

Со помош на SAP Analytics Cloud учесниците на конкурсот ја анализираа опширната база на податоци од последните две сезони на Евролигата, подготвија графички панели за управување со статистиката на тимовите и играчите и ги претставија проширените информации во проста и јасна форма.

Покрај паричната награда во износ од 2000 евра, Енис Зорнич и Клемен Пожин како победници на SACkathon се стекнаа со можност за посета на  тримесечен интензивен курс за обука во SAP Sales Academy во Калифорнија.

Извор: efnet.si