Студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура на Универзитетот во Марибор ве повикуваат на учество во иновациски проект

Студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при Универзитетот во Марибор ве повикаат на учество во проектот „Проектирање на логистичко опремување на Вонарското езеро со користење методи за дистанциско сондирање“.

Проектот се реализира во рамките на државната програма „Проектна работа со неекономскиот и некомерцијалниот сектор – Студентски иновациски општествено корисни проекти 2016-2020“. Се поканува на учество 1 студент од додипломска програма „Транспортно инженерство“ и 1 студент од додипломска програма „Архитектура“.

Проектот за логистичко опремување претполага интензивно користење на методите за дисатнциско сондирање. Станува збор за собирање, фиксирање, интерпретација и користење на слики добиени со помош на дронови, на авиони и на сателити. Денес користењето на ваквите слики е важно за добивање вредни информации со цел зголемување на перформансите и заштита на природната средина.

Педагози-наставници:

  1. доц. д-р Марјан Леп (факултет за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор),
  2. доц. д-р Клемен Прах (факултет за логистика при универзитетот во Марибор).

Профессионални соработници:

  1. Сашо Мешко (Društvo Quadcopter Slo),
  2. магистер Весна Загода Пеперко (Fontus, d.o.o.).

Со помош на наставниците-педагози и раководителите – претставници на некомерцијалните и стопанските компании, студентите за време на работата на проектот, која ќе се одвива како дел од учебниот процес, ќе се развиваат иновативноста, креативното размислување и други компетенции кои ќе овозможат да се олесни преминот од сферата на образование кон пазарот на труд.

Студентите кои ќе учествуваат во проектот за време на неговата реализација треба официјално да студираат на соодветната учебна програма, не треба да бидат вработени или самовработени, не треба да бидат во регистарот на Агенцијата за вработување или да имаат статус на приватен бизнисмен.

Работата на проектот се плаќа по ставка од 9 евра бруто за час, максимален број часови месечно – 40 (360 евра). Рок за реализација: 4 месеци. Почеток на проектот – почетокот на март 2019 година. Пријавите за учество се примаат до 12:00, среда, 20 февруари, на и-мејлот: marjan.lep@um.si.

Извор: fgpa.um.si