Студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибора ја посетија Хрватска со цел остварување на специјалистичка екскурзија

Студентите од првата година на магистерската програма „Архитектура“ од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор во мај 2019 година во рамките на специјалистичката екскурзија ги посетија Вараждин и Загреб. Оваа екскурзија се одржа во рамките на предметот „Јавно градежништво“ под раководство на асистентот Наташа Шпрах и поканетиот  специјалист, архитектот Роберт Џонатан Лоер.

Во текот на екскурзијата студентите разгледаа неколку јавни објекти. Во Вараждин архитектот Лоер им ја претстави на студентите спортската сала Arena Varaždin, чиј што проект тој го има разработено заедно со архитектот Марко Цветко.

Во Загреб студентите се запознаа со Музејот на современа уметност кој што е изграден во 2009 година. Проектот на овој музеј го претстави професорот Игор Франич – раководител на бирото за архитектура Studia za arhitekturo, кое што има добиено нарачка за изработка на овој проект за музејот по победата на отворениот конкурс во 1999 година. Студентите на  екскурзијата исто така ја разгледаа Американската меѓународна школа, изградена во 2018 година. Екскурзијата по оваа школа ја одржаа двајца од четворицата автори на архитектурниот проект – Ведран Педишич и Ерик Веласко Фарера. Уште еден странски архитект, кој што работи во Хрватска, Матиас Кулштрунк, им го претстави на студентите базенскиот комплекс Svetica, пуштен во употреба во 2016 година.

Екскурзијата заврши со разгледување на монументалниот павилјон на Мештрович, кој што е изграден во 1938 година, а денес тој се користи како изложбен простор на хрватската асоцијација на ликовни уметници.

Извор: fgpa.um.si