Студентите од Факултетот за индустриски инженеринг FINI Ново-Место можат да посетуваат практика во Соединетите Американски Држави со помош на стипендии

Студентите од Факултетот за индустриски инженеринг FINI Ново-Место имаат можност да посетуваат студиска или научна практика во рок од 3 до 10 недели во Соединетите Американски Држави (кај еден од словенечките професори, кои што работат во странство) за сметка на стипендии од Републиканскиот фонд задолжен за стипендирање, развој и социјално осигурување.

Студентите имаат можност за практика по насоките: „Машиноство“ (Принстонски универзитет, САД, професор Андреј Кошмрљ); „Роботика и управување со роботи“ (универзитетот од државата Илиноис, Чикаго, САД, професор Милош Жефран); „Компјутерски науки“ (универзитетот од Јужна Калифорнија, САД, професор Ернеј Барбич и Стендфордскиот универзитет, професор Јуре Лесковец).

Подетално за доделувањето на стипендии можете да прочитате на веб страната на Републиканскиот фонд за прашања поврзани со доделување на стипендии, развој, поддршка на лица со ограничени физички можности и социjална обезбеденост.

За повеќе информации обратете се на следната и-мејл адреса: ines.lipus@fini-unm.si

Извор: fini-unm.si