Студентите од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор участвуваат во реализација на оригинален проект во областа на индустриалниот туризам

Од март 2019 година студентите од четири различни факултети заедно со своите професори работат над оргинален проект за стимулирање на развој на туризмот во Бела Крајна. Водечки партнер на проектот е факултетот за туризам при универзитетот во Марибор. Во проектот исто така учествуваат студенти од факултетот за социјални науки, архитектурниот факултет и педагошкиот факултет при универзитетот во Љубљана. Партнер – експерт на проектот е центрот Allium.

Преку проектот со име: „Приказна за индустриска Метлика: создавање на иновациски туристички производи: индустриски туризам, ревитализација и одржливост“ учесниците сакаат да им ја претстават на туристите и гостите областа, која што во свое време беше позната по своите текстилни производи надвор од границите на Република Словенија. Денес текстилната индустрија во Метлика работи со намален интензитет, но во исто време постојат можности за презентација на текстилната индустрија на туристите кои што ја посетуваат Бела Крајина.

За да добијат најдобра претстава за текстилната индустрија и јасно да ги определат своите цели, студентите заминаа во Метлика и ги разгледаа фабриките и продавниците, каде се произведуваат и реализираат текстилните производи. Запознавањето со Метлика студентите го започнаа со посета на фабриката Beti, каде што со нив се сретна директорот Маја Чибеј, а вработените им го покажаа претпријатието и неговата дејност и исто така ги запознаа студентите со производството на  предиво. Потоа студентите ја посетија продавницата Komet, со производи од компанијата Pletis, и на крајот ја посетија фабриката Konfekcije Julija, која исто така произведува под брендот Beti.

Учесниците во проектот ја потенцираат важноста од тоа дека туристичкиот производ кој што тие го разработуваат треба да ги обедини сите месни здруженија. Затоа во етапата на отварање на настанот студентите соработуваа со многу страни, вклучени во туристичкиот сектор во општината Метлика, со управата за туризам, култура, спорт и млади, со музејот од Бела Крајина, со културно-уметничкото друштво  Plac и со други.

Да додадеме дека проектот се реализира во рамките на државната програма „Проектна работа со неекономски и некомерцијалнен сектор – Студентски иновациски општествено полезни проекти 2016-2020 на 2018 – 2019 и 2019 – 2020 академски години“. Проектот го кофинансираат Словенија и Европската унија од буџетот на Европскиот социјален фонд.

Извор: ft.um.si