Студентите од Колеџот за стручно образоване од Велење во текот на професионалната екскурзија се запознаа со работата на опремата за скијачките центри

За студентите од прва година од програмата „Мехатроника“ од Колеџот за стручно образование во Велење во среда, на 27 ноември 2019 година, во рамките на предметот „Основи на машиноството“ беше организирана професионална екскурзија. Во неа земаа учество 16 студенти.

Во рамките на екскурзијата учесниците на почетокот се запознаа со техничката опрема на долната станица на жичницата на скијачкиот центар Голте, а потоа со експлоатацијата на жичниот систем со акцент на опремата на жичницата и неговите сајли. На студентите им раскажаа за експлоатацијата на лифтовите.

Екскурзијата продолжи со посета на компанијата Podkrižnik d.o.o., каде на студентите им беше претставен асортиманот на производи од компанијата и тенденците за производство во време на забрзана дигитализација.

Компанијата Podkrižnik d.o.o. работи како средна приватна компанија во регионот на Згорња Савињска. Стратегија за развој на компанијата – основно истражување на новите можни форми на агрегати и оптимизација на постоечките, коишто се користат практично во сите сегменти. Компанијата исто така создаде сопствена истражувачка група ARR.

Извор: vss.scv.si