Студентите од Колеџот за стручно образование во областа на велнесот, хоспиталити индустријата и туризмот покажаа одлични резултати на конференцијата AEHT во Хрватска

Студентите од Колеџот за стручно образование во областа на велнесот, хоспиталити индустријата и туризмот земаа учество на 32-та конференција AEHT, којашто се одржа од 11-ти до 16-ти ноември 2019 година во Сплит, Хрватска.

Својата образовна установа студентите учесници ја претставија во девет категории:

  1. Бенјамин Певец – познавање и служење на вино;
  2. Клементина Кошир – кулинарска уметност;
  3. Матевж Новак – ресторанско послужување;
  4. Кристина Пожун – бариста – подготвуваење на кафе;
  5. Марко Хиршел – барменство;
  6. Жан Кухар – кулинарски декатлон;
  7. Пиа Зала Иванко – приготвување на десерти;
  8. Ања Ековец – работа во хотелска администрација;
  9. Тилен Албрехт – познавање на туристички дестинации.

Студентите беа придружувани од професорите: Јоже Залар, доктор Божа Графенауер, магистар Тадеј Крашња, Марјан Лебар, а исто така директор магистер Петер Михелчич.

Според резултатите од настанот Кристина Пожун го освои првото место во категоријата „Бариста“, Клементина Кошир – второ место во категоријата „Кулинарска уметност“, Жан Кухар го освои третото место во категоријата „Кулинарски декатлон“, Тилен Албрехт – трето место во категоријата „Познавање на туристички дестинации“.

Извор: vgs-bled.si