Студентите од насоката „Архитектура“ при универзитетот во Марибор земаа учество на 17-от меѓународен научно-практичен конгрес AŠK

Од 08 до 13 мај 2019 година, тим во чиј состав се осум студенти од насоката „Архитектура“ од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор под раководство на професорот Томаж Ебеншпангер успешно се претставија на 17-от меѓународен научно-практичен студентски конгрес AŠK на поранешните југословенски републики со семинар по архитектура. Оваа година Конгресот го организираа студенти и професори од факултетот за архитектура при универзитетот од Подгорица (Црна Гора). Главна цел на Конгресот беше соработка, воспоставување на контакти, размена на знаења и искуство помеѓу студентите и професорите од 18 факултети по архитектура од земјите од поранешна Југославија.

Овој семинар по архитектура AŠK отстапи од условниот, интерниот и недвосмислен дискурс на архитектурното перцепирање на просторот и традиционалните облици на просторно размислување. Темите на семинарот (Feel the Border – „Почувствувај ја границата“, Liquid Reflection – „Течна рефлексија“ и Trace Spirits – „Линеарност на пространството“) ги поттикнаа студентите подлабоко да ги разбираат процесите, кои што се случуваат во градот и надвор од него, на растојание и близу. „Читајќи“ град, студентите се стекнаа со значајно искуство за осмислување на статусот и улогата на архитектот во современото општество. Тие размислуваа за ефемерноста и заменливоста наспроти традиционалната идеја за вечното во архитектурата.

Да додадеме, дека следниот ваков Конгрес ќе се одржи во 2020 година во Марибор.

Извор: fgpa.um.si