Студентите од Новиот универзитет – Европскиот факултет за право присуствуваа на денот на отворени врати кај нотар

Во петокот на 25-ти октомври 2019 година, на Европскиот ден на правосудството, студентите од Новиот универзитет – Европскиот факултет за право со учество на Центарот за кариера ја посетија канцеларијата на нотарот Андреа Цајхен во Нова Горица.

Госпоѓата Цајхен им раскажа на студентите, како да ја совладаат професијата нотар, детално го објасни својот работен ден во канцеларијата и покажа, како нотарот води записи, објаснувајќи ја нивната содржина. Важен дел од професионалната екскурзија беше запознавањето на студентите со ситуациите со кои што нотарот се судира во текот на работата, спецификите на чувањето на материјалите на нотарот и новитетите во нотарската практика.

Извор: epf.nova-uni.si