Студентите од Образовниот центар во Велење во текот на екскурзијата во Страсбур се запознаа со работата на Европскиот парламент

Студентите од втора година на програмата „Електротехника“ од Образовниот центар во Велење Јан Конечник и Јон Мајдак како „студенти-амбасадори на Европската унија“ заедно со професорите Наташа Мех Пер во рамките на проектот Euroscola со поддршка на Бети Томиц земаа учество во тридневната екскурзија во градот Страсбур, Франција.

Во четвртокот, на 28-ми ноември 2019 година, тие се прошетаа по празничниот град, го посетија божиќниот панаѓур и беа во готскиот храм.

Во петокот, на 29-ти ноември, 2019 година словенечката делегација го помина денот во Европскиот парламент. Во Големата сала словенечките студенти исслушаа кратки презентации на земјите учеснички на настанот, а потоа, се разделија на групи од по четири лица и земаа учество во прашалникот за Европската унија и во разговорот на темата „Односот на младината кон алкохолот и наркотиците“. Тие одржаа дебати со врсниците на оваа тема и избраа заеднички предлози.

Во текот на патувањето студентите од Образовниот центар во Велење се стекнаа со многу важно деловно искуство, а исто така се стекнаа и со нови другари од Република Словенија и од други земји од Европската унија.

Извор: scv.si