Студентите од студиската програма „Хоспиталити ндустрија и туризам“ на Колеџот за професионално образование во Велење освоија три медали на меѓународниот конкурс Grand Gourmet

Од 22-ри до 24-ти октомври 2019 година во градот Макарска, Хрватска, се одржа меѓународниот конкурс Grand Gourmet за подготвување на кафе и напитоци. На професионалното натпреварување земаа учество студентите од студиската програма „Хоспиталити индустрија и туризам“ на Колеџот за професионално образование во Велење Уршка Јазбец и Коста Коцев (професор – Симона Помпе).

Во категоријата „Лате-арт“ Уршка Јазбец го освои златниот медал, Коста Коцев го освои „среброто“. Покрај тоа, Коцев освои и бронзен медал во натпреварувањето за подготовка на напитоци од кафе.

Извор: vss.scv.si