Студентите од универзитетот во Љубљана победија на конкурот во Соединетите Американски Држави, создавајќи најдобро беспилотно летало

Тимот од 17 студенти од универзитетот од Љубљана на чело со доцент Виктор Шајн победија на американскиот конкурс Design/Build/Fly (DBF). Конкурсот предвидуваше проектирање и производство на беспилотно летатело со далечинско управување, а исто така и натпревар во летање.

На конкурсот учествуваа 100 универзитети. Словенечките студенти ги надминаа студентите од престижните универзитети како на пример: Технолошкиот институт од Масачусец, универзитетот од Стендфорд и техничкиот универзитет од државата Вирџинија. Изработените беспилотни летала од словенечките студенти развиваат брзина од 100 километри на час.

Младите пронаоѓачи се подготвуваа за ова натпреварување повеќе од половина година, се занимаваа со изработка на беспилотни летала со радар и со крила кои што автоматски се собираат, кои што може да полетаат од носач на авиони , да носат „бомби“, и да ги извршуваат сите работи многу брзо. Раководител на процесот беше студентот од студиската програма „Машинство“ Тимтеј Хофбуер.

Конкурсот се состоеше од три воздушни и една мисија на земјата и токму во последната мисија словенечките студенти, благодарејќи на системот за преобразување на крилата покажаа многу добри резултати. Првата воздушна мисија потврди дека беспилотните летала се способни да поминат три круга. Во втората мисија тие успеаја да се најдат пред студентите од другите универзитети, бидејќи поради исклучително добрата површина на беспилотните летала со инсталираниот радар сите три кругови успеја да ги завршат за 1.29 минути. И на крај третата мисија им донесе најмногу бодови, во текот на која на словенечките студенти им успеа да ги презентираат најголемите разлики.

Извор: rtvslo.si