Студентите од универзитетот во Марибор го освоија третото место на конкурсот Rimac FS Alpe Adria 2019

Тимот од студенти од универзитетот во Марибор UNI Maribor Grand Prix Engineering во периодот од 29-ти август до 1-ви септември 2019 година учествуваше на конкурсот Rimac FS Alpe Adria 2019, кој што се одржуваше на автодромот Kartodrom Bura во Хрватска.

Младите спортисти се претставија со електричниот автомобил за трки GPE13 без автономен систем. Како резултат на одличниот настап тимот од универзитетот во Марибор го освои третото место во категоријата „Издржливост“ (Endurance).

Извор: feri.um.si