Студентите од Вишата стручна школа Велење го посетија SAŠA-инкубаторот

Во вторникот, на 4 декември 2018 година, студентите од 2. година на програмата Угостителство и туризам при Вишата стручна школа Велење, во рамките на предметот Основи на проектен менаџмент, го посетија инкубаторот SAŠA d.o.o., кој креира средина за развој на претприемништвото во Савињско-Шалешкиот регион. На младите претприемачи почетници им нудат стручна помош во форма на менторство, а со нивна помош ги развиваат бизнис идеите или веќе востановените фирми. 

Покрај сликовитите примери за развивање идеи од светските фирми, студентите добија и информации како да бараат и како да ги развиваат своите бизнис идеи. Беа претставени и областите кои се работат во инкубаторот SAŠA:

  1. на младите им го претставуваат начинот на вклучување во претприемачката средина SAŠA и настаните што се организираат таму
  2. изведуваат менторски програми и стручни работилници
  3. организираат Startup-вечери
  4. изведуваат програми на експертско советување, кое се изведува за целната публика од start up фирмите
  5. изнајмуваат деловен простор
  6. организираат школа за претприемачи
  7. изнајмуваат промоциски витрини во PC Standard, итн.

На крајот од настанот, на студентите им ги претставија и деловниот простор, бизнис зоната Стандард, каде што претприемачи имаат изнајмено простор, коворкинг просторот за претприемачи, начинот и трошоците за наем.

Интернет-врска: vss.scv.si