Студентите од завршните години и дипломците од Alma Mater Europaea се покануваат да земат учество на семинарот-состанокот за семеен бизнис

Клубот на дипломци од Alma Mater Europaea и Центарот за кариера ги покануваат сите студенти од завршните години и дипломците на семинар-состанок за семеен бизнис, кој што ќе се одржи во четврток на 12-ти септември 2019 година во 17:00 часот, во просториите на Колеџот за хотелиерство и туризам на адресата: Марибор, Цафова улица, 7. Организатори на настанот се: Alma Mater Europaea, Колеџот за хотелиерство и туризам од Марибор и Колеџот за стручно образование Academia Maribor.

Настанот е наменет за сите, кои што по завршувањето на студиите размислуваат да започнат претприемничка кариера, да основаат компанија, да работат во семејната компанија или да продолжат со образованието со цел да се стекнат со бесценето стручно знаење за успешно остварување на сопствените деловни и креативни идеи.

Своето искуство со присутните ќе го споделат раководителите на успешните семејни компании – Hiša kulinarike Jezeršek, AJM d.o.o. и други.

Регистрација за учество на настанот

Извор: almamater.si