Студентка од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана освои сребрен медал на Европските Игри

Студентката од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана Тјаша Ристич освои сребрен медал на Европските Игри во Минск. Во финалето во категоријата до 61 килограм словенечката каратистка изгуби од украинката Анита Серјогина. Во полуфиналната борба словенечката каратистка ја победи французинката Гвендолин Филип.

Тјаша Ристич е наградувана на двата последни шампионати по карате на Европа и шампион е на Средоземноморието. На свечената церемонија по повод затварањето на Европските Игри во Минск во неделата на 30-ти јуни 2019 година, таа го носеше знамето на Република Словенија.

Да споменеме дека според резултатите од вторите Европски Игри словенечките спортисти освоиле 4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал. Натпреварувањата се одржуваа од 21-ви до 30-ти јуни 2019 година. Во овие денови Минск го посетиле 8 илјади туристи. Буџетот на турнирот изнесуваше 265 милиони долари.

Извор: efnet.si