Студентките од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор направија меморијална дизајнерска клупа „Спомен“

Пред зградата на поранешниот казнено поправно – работен дом КПД во Марибор е поставена клупа „Спомен“. Неа ја изработија студентките од магистерската програма „Архитектура“ од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор, Маја Жалиќ, Тјаша Пауко, Луција Цвејан и Сара Милич. Уметничката клупа е посветена на историјата на зградата на поранешниот казнено поправно – работен дом. Нејзиниот оригинален дизајн не е случаен, тој ја отсликува тешкото историско наследство и периодот на падот на знаењето, а исто така и почетокот на неговата преродба.

Идејата за поставување на клупата до зградата на поранешниот казнено поправен дом беше реализирана во рамките на меѓународниот европски проект URBACT 2nd Chance – Prebujanje spečega velikana: Trajnostna regeneracija objekta KPD (URBACT втора шанса – Будење на заспаниот великан: одржлива регенерација на зградата на казнено поправно – работниот дом) во кој што земаат учество општината Марибор и факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор.

Да додадеме дека оваа клупа е 14 – та во низата на клупи на културно-уметничкото друштво „Zgodba o klopeh in ljudeh“ („Приказната на клупите и луѓето“). Горе наведената некомерцијална општествено културна организација ги обединува авторите на уникатни и дизајнерски клупи (архитекти, скулптори, дизајнери, уметници), кои што се спремни да ги подарат своите креативни идеи на градот Марибор.

Извор: um.si