Студентска работа во Словенија

Секој што студира на словенечките високообразовни институции и има студентски статус, има право на студентска работа. За разлика од поголемиот број на земји во ЕУ, студентите во Словенија можат да работат осум саати дневно, односно 40 саати неделно согласно Законот за работни односи.

Словенија како одговорна социјална држава активно ја стимулира идејата за работа за време на студиите. За да им се даде можност на студентите да заработат за џепарлак, но и за да се осамостојат финансиски што поскоро, постојат неколку студентски сервиси кои им помагаат на студентите полесно и побрзо да дојдат до студентско вработување.

Foto: Bram Naus/Unsplash

Можностите за студентска работа се различни. Изборот за вработувања е голем и варира од услужни дејности во туризмот, административни работи па се до сериозни работи на исклучително одговорни позиции.

Минималната цена на студентската работа која е загарантирана со закон е 4,73 евра бруто на саат, односно 4 евра нето.

За работа во областа на преведувањето, ИТ услугите, приватни часови за средношколци, курс за странски јазици итн., саатницата може да биде и поголема од 7 евра.

За многумина студенти ова е првото работно искуство во ЕУ.

Парите кои ги заработуваат преку студентската работа, на студентите може да им бидат сосема доволни за покривање на сите животни трошоци во Словенија за време на студиите.

Не ретко многу од студентите по завршувањето на факултетот потпишуваат и професионален договор со работодавачот за кој што работеле во текот на студиите.

Доколку се одлучат да работат друго, работата која ја имале во текот на студиите може да има сериозно место во нивната професионална биографија.

Дојдете и стекнете го своето прво работно искуство во ЕУ – запишете се на некој од словенечките факултети или високи школи!