Студии со 2ТМ: Иднината на вашето дете е во сигурни раце!

Уписот на факултет за идниот студент е еден од најубавите периоди во неговиот животот. Но, за неговите родители тој претставува еден од најстресните периоди, особено ако нивното дете сака да студира во странство. Затоа, тука е фирмата 2ТМ која им помага на родителите полесно да го запишат своето дете на некој од факултетите или на високите школи во Словенија.

Фирмата 2ТМ на професионален и одговорен начин им помага на родителите на идните студенти  од Македонија и од регионот, без потешкотии и стрес, нивното дете да ги започне студиите во Република Словенија.

Родителските грижи и стравови не можат да се отфрлат, но со помош на услугите на 2ТМ вашето дете на најлесен можен начин ќе се запише на некој од словенечките факултети или високи школи. Доколку вашето дете не е задоволно со своите моментални студии, тимот на 2ТМ може да му помогне да се префрли на некој друг факултет или студиска програма во Словенија.

2ТМ се занимава со непријатните и за жал неизбежните бирократски процедури, на тој начин што на родетилите им штеди време, пари и што е најважно нерви. 2ТМ во целост комуницира со факултетот или со високата школа, а единствена обврска на детето  за време на целиот уписен процес, откако тој ќе заврши, е да дојде во Словенија и да ги започне студиите.  

Покрај тоа, 2ТМ помага при наоѓање на сместување во Словенија, курсеви за учење на словенечки јазик и нуди помош во прилагодувањето на животот во Словенија.

2ТМ исто така врши и педагошко советување. Доколку детето не е сигурно на кој факултет или висока школа сака да се запише или да го продолжи своето образование, стручните лица за образование во 2ТМ ќе му помогнат во неговиот избор.

Уште еднаш, ги потсетуваме сите родители во Македонија дека студирањето за нивните деца во Словенија е бесплатно и дека на поголемиот број од факултетите нема приемни испити, а успехот за упис со 2ТМ е 100% загарантиран.

За повеќе информации и услугите на 2ТМ ве молиме контактирајте не на education@2tm.si.

Со 2ТМ иднината на вашето дете е во сигурни раце!