Студирај бесплатно во Словенија

Првата од многуте олеснителни околности која го прави студентскиот живот поубав и полесен, се целосно бесплатните студии на сите државни факултети и високи школи во Словенија.  Ова важи за сите граѓани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и за граѓаните на ЕУ.

Graphics: © 2TM d.o.o.

Студиските програми во Словенија се реализираат на 5 универзитети, 48 самостојни восокообразовни установи и 46 високи школи според Болоњскиот систем, а секојa студискa програмa е акредитиранa од Министерството за високо образование, наука и технологија.

Словенија нуди извонреден квалитет на високото образование за сите идни бруцоши, а за сите државјани на Република Македонија студиите се целосно бесплатни!

При запишувањето на високообразовните системи во Словенија, во најголемиот број на случаи не е потребно да се полагаат приемни испити (освен на уметничките факултети), ниту испит за познавање на јазикот. Тоа значи дека идниот студент, како и неговите најблиски, се ослободени од дополнителни грижи.

По запишувањето на еден од факултетите, студентите врз основа на студиите добиваат дозвола за престој, која ќе им овозможи поголема мобилност во шенгенската зона.  Љубљана како главен и најголем град во Словенија  има одлична инфраструктурна поврзаност со сите европски дестинации и е одлична појдовна точка за некоја идна студентска авантура.

Дипломата придобиена во Словенија е признаена во ЕУ и скоро во сите останати држави во светот. Студентите од Македонија кои ќе ги завршат студиите во Словенија ќе имаат повеќе шанси за идеално вработување во своите земји, но и подобар пласман на светскиот пазар на тудот, доколку се одлучат да продолжат понатаму.

Graphics: © 2TM d.o.o.

За разлика од повеќето земји на ЕУ, студентите во Словенија можат да работат легално преку агенцијата Студентски сервис. Заработените пари можат без проблем да им ги покријат сите студентски трошоци. Деловниот ангажман преку овој сервис за многу студенти претставува и нивно прво работно искуство во ЕУ.

Словенија како силна социјална држава ја субвенционира прехраната на своите студенти. Ова значи дека за цена од само неколку евра, студентите може да јадат во некои од најдобрите ресторани или доколу немаат време да јадат во некои од бројните вериги за брза храна.

Иако месечните карти за градски превоз се истотатка субвенционирани, омиленото средство за превоз на многу студенти е велосипедот.

Graphics: © 2TM d.o.o.

На сите студенти во Словенија им се достапни и многубројни меѓународни програми за размена, а најпозната меѓу нив е Erasmus+.

За студентите од бивша Југославија културната и јазичната бариера е минимална.  Словенечкиот јазик е многу сличен со јазиците на државите од Западен Балкан и брзо се учи. Но, заради желбата за интернационализација на своите високообразовни институции се повеќе студиски програми на словенечките факултети се достапни и на англиски јазик.

Фирмата 2ТМ на странските студенти кои се запишале на високообразовните установи во Словенија, меѓудругото им нуди и посетување на курсеви по словенечки јазик. Со нивна помош тие го совладуваат словенечкиот јазик на ниво кое им овозможува целосно да го разбираат наставниот материјал, да комуницираат со колегите и професорите и пријатно да се чувствуваат во секојдневниот живот. Важно: 2ТМ соработува само со акредитирани предавачи и јазични училишта. Благодарение на тоа квалитетот на наставата е загарантиран.

Покрај прашањата поврзани со уписите, се појавува уште едно многу важно прашање поврзано со секојдневниот живот – каде ќе живеете?

Заинтересирајте се и за кариера за време на студиите: каде да почнете, што да работите за време на студиите или што ќе работите по завршувањето за факултетот.

Студентите кои ги користеле услугите на 2ТМ велат дека се исклучително задоволни со квалитетот на студиските програми, но и од начинот на живот во Словенија.

Graphics: © 2TM d.o.o.

Секоја година успешно запишуваме се повеќе странски студенти, затоа имајте и вие доверба во нас и пишете ни на: education@2tm.si.

Истотака, можете да не пронајдете и на нашата Facebook страна.